Ракитиќ најави повлекување од репрезентацијата по ЕП 2020

Иван Ракитиќ, веќе искусниот играч за врска на Барселона, планира да се повлече од репрезентацијата на Хрватска по настапот на Коцкестите на ЕП 2020. Ракитиќ смета дека по тој турнир би било вистинско време да направи место за помладите играчи кои се борат да го облечат репрезентативниот дрес на актуелниот светски вицепрвак.

Иако имаше турбулентна сезона, пред зимската пауза 31-годишниот Ракитиќ доби прилика од тренерот Валверде да игра во континуитет, а се појави и на последното Ел Класико кое заврши без голови.

„Најверојатно ќе се случи тоа по Евро 2020 да се повлечам од репрезентацијата. Да бидеме реални, тоа е сосема нормално бидејќи долго време играм за Хрватска. Прво треба да видиме какви идеи има селекторот, но со Далиќ не сум во контакт веќе подолго време. Ниту ме побарал, ниту најавил посета. Ќе видиме кое е најдоброто решени за мене и за селекцијата. Секако дека би го отстапил местото на помладите играчи, бидејќи не се прашувам само јас“, истакна Ракитиќ во екслузивното интервју за „Спортске новости“.

Откако дебитираше во септември 2007 година, Ракитиќ запиша 106 настапи во дресот на Хрватска постигнувајќи 15 погодоци, додека на последното Светско првенство кое се одржа во Русија беше еден од предводниците на Коцкестите до сребрениот медал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести