Ракитиќ не беше уверлив: „Потпишав за Ал-Шабаб откако читав за клупската историја“

Иван Ракитиќ ги изненади сите со потписот за Ал-Шабаб од Саудиска Арабија. Од Севиља си замина како вистинска легенда и странец со најголем број на натпревари за клубот од Андалузија, 323, но и со два трофеи од Лигата на Европа.

Сепак, изненадувањето беше уште поголемо со изјавата на промоцијата во Саудиска Арабија, дека за изборот на клубот одлучувачка била историјата која ја читал.

– „Го избрав Ал-Шабаб откако ја читав клупската историја. Верувам дека е време за нов предизвик со Ал-Шабаб.“ – вели Ракитиќ.

Хрватот во новиот клуб ќе го носи дресот со број 30, што е несвојствено за него.

– „Моите омилени броеви се седум и десет, но отако дознав повеќе за проектот Ал-Шабаб и за проектот ‘Саудиска Арабија 2030’ одлучив да го земам дресот со број 30. Тоа е симбол за мојата верност и поддршка кон Кралството Саудиска Арабија и плановите за иднината“ – додава Ракитиќ.

- Оглас -

Најнови вести