Ракитиќ: Реал ќе биде првак на Шпанија, а за ЛШ типувам на Барселона

Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ, кој зимава неочекувано си замина од Севилја и прејде во саудиски Ал Шабаб, во интервју за најпознатиот шпански спортски весник „Марка“, меѓу другото, даде неколку интересни прогнози за тоа кои клубови ќе ги освојат трофеите во некои лиги.

Ова се прашањата и одговорите кои ги даде Ракитиќ:

Кој ќе ја освои Ла Лига?

– (Без дилеми) Реал Мадрид.

А, Лигата на шампионите?

– (Повеќе се сомнева во овој одговор) Барселона.

Кој ќе ја освои Саудиската лига?

– Ал Хилал.

Лига Европа?

– Мислам дека Баер Леверкузен.

Кој ќе биде победник на Европското првенство?

– Многу е тешко да се каже, но нека биде Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести