Ракитиќ: Се чувствувам Швајцарец, но играњето за земјата на моите родители е посебно

Иван Ракитиќ летоска од Барселона се врати во Севилја, а во интервју за еден шпански медиум раскажа и за сагата околу тоа за која репрезентација ќе настапува.

Ракитиќ истакна и дека најблиски пријатели во Барса му биле Андрес Иниеста, кој сега е во Јапонија, и голманот Марк-Андре тер Штеген, а за него 2020 е убава година бидејќи се вратил во саканата Севилја. Да не била пандемијата, веројатно камбекот не би бил можен.

„На големо се чувстувам Швајцарец, но посебно е чувството да се бранат боите на земјата на моите родители. На крајот се одлучив за Хрватска, но тоа не беше одлука против Швајцарија, туку за Хрватска“, рече Ракитиќ, кој за финалето на СП 2018 изјави дека бил тажен што го загубиле најважниот меч во нивните животи, но ги освоиле срцата на сите, верува дека 90 проценти од луѓето во светот на тој меч навивале за Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести