Ракитиќ среде Европско првенство се пофали дека е подобар од Модриќ

На Хрватите не им оди на ова Европско првенство во Германија, освоија само еден бод во првите две кола, а сол на рана им фрли Иван Ракитиќ, кој на Инстаграм сподели една објава од пријател дека е најдобар фудбалер во хрватската историја.

Многумина мислат дека не му требала ваква порака среде ЕП. Во Хрватска кај мнозинството владее мислење дека Лука Модриќ е неспорно најдобриот хрватски фудбалер на сите времиња, па Ракитиќ ќе налути многумина со оваа самобендисана објава.

Ракитиќ за последен пат за хрватската репрезентација играше во октомври 2019, во октомври 2020 објави дека ја завршува репрезентативната кариера.

Тој објасни дека едноставно почувствувал дека дошло време повеќе да се посвети на семејството кое многу се жртвувало за него, а има шпекулации дека Ракитиќ не чувствувал дека е доволно ценет во споредба со некои други играчи во националниот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести