Ракометарите денеска повторно ќе бидат тестирани, а потоа ќе се откријат имињата на позитивните

Во најлош можен момент, македонската ракометна репрезентација се соочува со проблемите од кои најмногу се плашевме. Синоќа беше соопштено дека петмина членови од македонската експедиција која денеска треба да замине во Дебрецин се позитивни на корона-вирусот.

Од РФМ само потврдија дека има петмина позитивни, но нивните имиња не се откриени, така што не се знае дали се ракометари или дел од стручниот штаб. Најавено е дека сите оние кои треба да патуваат на Европското првенство, утрово ќе направат нови тестирања, а дури откако ќе се знаат резултатите од тие тестови, селекторот Кирил Лазаров ќе го соопшти составот со кој ќе отпатуваме на континенталниот собир.

Според планот, македонската експедиција во 14 часот со чартер-лет треба да замине за Дебрецин, а веќе в четврток е првиот меч против Словенија.

- Оглас -

Најнови вести