Ракометарите ќе добијат премија од 50.000 евра за влез во втората фаза на ЕП

Само уште три дена остануваат до почеток на Европското првенство во ракомет, на кое ќе игра и Македонија. Нашата репрезентација е во група со Словенија, Црна Гора и Данска, а првопласираните две селекции ќе обезбедат место во втора фаза.

Секој настап на големо натпреварување е посебен мотив за сите репрезентативци, а ракометарите сега имаат и дополнителен мотив за добар пласман. Од Ракометната федерација (РФМ) објавија дека е подготвена премија од 50.000 евра за поминување на групата во Дебрецин.

- Оглас -

Најнови вести