Ракометарите почнаа со подготовки во Стара Пазова, има работа и за кондициските тренери (Фото)

Машката ракометна репрезентација на Македонија пристигна во српскиот град Стара Пазова и веднаш се фати за работа, со подготовки за претстојното Европско првенство во Германија кое почнува на 10 јануари.

Се работи комбинирано и на физичката и на тактичката подготовка на тимот.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ги слушаа и ги применуваа инструкциите од членовите на стручниот штаб, свесни за значењето на максимално добра подготовка за големиот настан.

Ракометарите ќе бидат во Стара Пазова до 30 јануари, а таму треба да одиграат и еден пријателски меч со Црна Гора.

- Оглас -

Најнови вести