Ракометарите се големи фаворити на дуелот со Естонија, тоа го потврдуваат и квотите (Фото)

Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва (20 часот) ги почнува квалификациите за ЕП 2026 година. Прв противник на македонските ракометари е селекцијата на Естонија, по што ќе следува и гостување против Литванија.

Во групата е уште и Словенија, со која двата дуела се закажани за март следната година.

Селекторот Кирил Лазаров ги одреди 16-те ракометари за вечерашниот меч. Младиот голман Иван Галевски ќе почека за деби на еден официјален натпревар затоа што Лазаров се определи за Томовски и за Кизиќ. Дебитант во составот ќе биде десното крило Александар Петковски.

Македонија важи за голем фаворит за победа на овој натпревар против Естонците, а тоа го покажуваат и квотите.

Првопласираните две селекции од групата и четирите најдобро третопласирани од сите групи обезбедуваат место на ЕП 2026.

- Оглас -

Најнови вести