Ракометарките гостуваат кај Шведска со „хендикеп“ од 11,5 гола разлика

Шведска е голем фаворит пред вечерашниот дуел со Македонија од квалификациите за женското ракометно Европско првенство кое се игра следната година. Швеѓанките се толку големи фаворити, што квотите во обложувалниците Sport Life за единица ставија квота од 1.02, а за победа на Црвено-жолтите коефициентот е дури 18.

Но, доколку мислите дека Македонија во салата во Ничепинг нема да загуби со повеќе од 12 гола разлика, тука е играта со хендикеп, која нуди квота од 1.90.

Избраничките на Симе Симовски ова гостување веројатно ќе го искористат како добра подготовка пред средбата со Чешка в сабота, во „Борис Трајковски“ во Скопје. Во тимот има неколку дебитантки и млади ракометарки кои сега треба да соберат искуство и на кои сериозно ќе се смета во 2022 година, кога нашата земја ќе биде домаќин на континенталниот собир.

Освен Шведска и Чешка, во група со Македонија е и Португалија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести