Ракометарките ја совладаа Црна Гора

По вчерашниот пораз со само еден гол разлика (21-22), женската ракометна сениорска репрезентација на Македонија денеска им се реваншираше на Црногорките и ги победи со 21-17. На дуелот во салата „Автокоманда“, избраничките на селекторот Симе Симовски потврдија дека се наоѓаат во добра форма во пресрет на јунските бараж-дуели со Словенија за настап на Светското првенство во Јапонија. Се гледа дека полека се гради тим која може да ја врати Македонија на големите натпреварувања.

Црногорките на овие контроли во Скопје дојдоа со подмладен состав, па во второто полувреме беа запрени на само 8 гола. И „црвено-жолтите“ беа ослабени денеска, без помошта на Ристовска, Ѓеорѓиевска и Јовановска.

- Оглас -

Најнови вести