Ракометна треска ширум Европа, се решаваат патниците на ЕП во Германија (Фото)

Денес на програмата се натпреварите од последното коло од квалификациите за ракометното Европско првенство кои следната година ќе се одигра во Германија. Вкупно 16 натпревари ќе се одиграат во 18 часот, а на најголем дел од нив домашните екипи се големи фаворити. Единствениот дуел на кој домаќините не се фаворити е оној кој ќе се одигра на неутрален терен во Германија, а ќе се сретнат Украина и Романија.

Понудата во Sport Life ги вклучува сите натпревари со голем број на игри, а нешто пред 20 часот вечерва ќе ги знаеме и сите 20 екипи кои ќе обезбедат пласман на ЕП преку квалификациите.

Германија како домаќин и Шпанија, Шведска и Данска како најдобри од претходното првенство веќе се пласирани на Европското првенство.

Сигурен пласман на ЕП имаат и репрезентациите на Франција, Унгарија, Португалија, Словенија, Хрватска, Норвешка, Србија, Чешка, Исланд, Швајцарија и Полска кои и теоретски го имаат обезбедено пласманот најмалку во топ две екипи во своите групи.

Репрезентацијата на Македонија теоретски го нема обезбедено пласманот на Европското првенство, но тоа секако ќе се случи вечерва на дуелот против Турција, бидејќи и со пораз до 9 голови ќе се пласираме на континенталниот шампионат.

- Оглас -

Најнови вести