27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Ракометната федерација на Македонија на први март ќе добие нов претседател

Ракометната федерација на Македонија на први март ќе го одржи редовното Изборно собрание, на кое ќе се бира нов претседател.

Собранието ќе се одржи во просториите на Советот на Град Скопје со почеток од 12 часот, а покрај изборот на нов прв човек на Федерацијата, на дневен ред ќе бидат уште дванаесет точки.

Актуелниот предводник Живко Мукаетов по два успешно одработени мандати, самиот заминува од претседателската позиција во РФМ. Негов наследник треба да бидат Александар Стефанов или Драган Начевски, кои најавија кандидатури.

- Оглас -

Најнови вести