Ракометната репрезентација доби нов директор

Димитар Митревски, меѓународниот долгогодишен судија од Битола, ја доби довербата да биде нов директор на машката репрезентација. Откако беше верификувана оставката на досегашниот директор Милчо Чакарески, Управниот одбор на РФМ му даде мандат на Митревски до крајот на ЕП 2020 во Австрија.

Селекторот Данило Брестовац поднесе извештај за досега сработеното на машката сениорска селекција, а го обелодени и планот на подготовки. Подготовките за ЕП стартуваат на 21 декември. Една недела подоцна почнува настапот на Трофеј Карпати во Романија, каде што Македонија ќе игра без интернационалците од Бундеслигата.

Лазаров, Ристовски и Манасков ќе се приклучат на 2 јануари. На 3 јануари се планира меч со Словенија, два дена подоцна со Црна Гора, по што тимот на 9 јануари би заминал во Виена.

Европското првенство за Македонија почнува на 10 јануари, со дуелот против Украина, а потоа на програмата се мечеви со Чешка и Австрија.

- Оглас -

Најнови вести