Ракометниот храм во Келн домаќин и на фајнал форот во кошаркарската Евролига

Кошаркарската Евролига објави дека наредниот фајнал фор турнир, од 22 до 24 мај 2020 година, ќе се игра во „Ланксес арената“ во Келн, сала која е позната како арена во која традиционално секоја година се игра завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони.

Ова е изненадувачка информација ако се знае дека Германија со проширувањето ќе има два свои тима во Евролигата, а градот Келн никогаш немал тим во Евролигата. Досега од германските градови, домаќин на Ф4 бил само Берлин во 2009 и 2016 година.

Во Келн во 2000 година се одигра еден кошаркарски меч од Бундеслигата помеѓу Телеком Бон и Алба Берлин, на кој присуствуваа 18.518 гледачи, што во тоа време беше европски рекорд по посета на еден кошаркарски натпревар.

Ова не е првпат фајнал форот да се игра во град кој никогаш немал евролигаш. Во минатото завршни турнири се играа и во Прага, Париз и Лондон, а сега од Евролигата се вртат кон германскиот пазар.

- Оглас -

Најнови вести