Серхио Рамос е поефикасен од Лукаку, Џеко, Фирмино, Игуаин…

Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, сезонава е многу ефикасен, што е реткост за фудбалери кои играат во одбрана. Тој досега има постигнато дури 14 гола во сите натпреварувања (се сметаат голови и за репрезентацијата).

Толкава бројка на дадени голови сезонава немаат ниту голгетери како: Ромелу Лукаку (Манчестер јунајтед и Белгија), Един Џеко (Рома и БиХ), Роберто Фирмино (Ливерпул и Бразил), Алваро Мората (Челзи и Шпанија), Гонзало Игуаин (Милан и Аргентина), Радамел Фалкао (Монако и Колумбија) и многу други познати имиња на кои примарна задача им е да ги тресат противничките мрежи, а не да ја заштитат својата како во случајот со Рамос.

Ефикасноста на Реал по заминувањето на Кристијано Роналдо значително опадна, па во недостатокот на голови, на сцена стапи Рамос, кој има најефикасна сезона во кариерата. Во тоа му помогна и фактот што Рамос е изведувач на пеналите, но и тој шут треба да се погоди, а Серхио е стопроцентен од белата точка.

Рамос се повреди на дуелот со Еспањол во неделата, па не играше во второто полувреме, а ќе биде поштеден и на утрешното гостување кај Жирона во Купот, но би требало да се врати в недела, против Алавес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести