Рамос ги прегрми критиките, може да дебитира за ПСЖ против францускиот првак

Серхио Рамос ги прегрми критиките и најавите дека е можно и да си замине од Пари Сен Жермен и откако ја надмина и повредата ќе се приклучи од денеска или утре на тренинзите на својот нов клуб.

Еден од најтрофејните активни играчи во Европа дојде како голема ѕвезда и засилување за ПСЖ од Реал Мадрид, но имаше многу малери и проблеми.

Се повреди и сè уште не дебитирал за ПСЖ, па сега има шанса да го стори тоа на дерби-меч. Најавено е дека шпанскиот репрезентативец ќе биде во конкуренција за дуелот против актуелниот првак Лил, што ПСЖ ќе го игра во петок на 29 октомври на свој терен во Париз.

Рамос играше долги 16 сезони за Реал Мадрид откако претходно беше член на Севилја, па ПСЖ му е само трет клуб во кариерата на 35-годишниот дефанзивец.

Само со Реал Мадрид освои 22 трофеи, четири од нив во Лигата на шампионите, а беше и светски и двоен европски првак со Шпанија само како дел од пребогатата колекција со пехари во одличната и долга кариера на Рамос.

 

- Оглас -

Најнови вести