Рамос и Бензема сакаа да ги имитираат Меси и Суарес, ама се посрамотија (Видео)

Серхио Рамос и Карим Бензема вечерва ќе слават титула на Реал Мадрид, но сепак двете најголеми ѕвезди на Кралскиот клуб имаа момент и за заборавање на дуелот против Вилјареал. Во второто полувреме беше досуден пенал за Реал, а Рамос застана да го изведе ударот на најстрога казна.

Капиенот на Реал се обиде атрактивно само да ја допре топката, а од заднина да втрча Карим Бензема за да даде гол, но не одеше сè според планот. Бензема даде гол, но повеќе од јасно беше дека ѕвездите на Реал не го изведоа пеналот според прописите.

Бензема веќе беше влезен неколку метри во казнениот простор и тоа уште пред Рамос да ја допре топката, што е недозволено. Судиите го поништија тој пенал, но дозволија повторно Реал да го изведе ударот од белата точка, а тогаш погоди Бензема.

Начинот на кој се обидоа Рамос и Бензема да изведат спектакуларен пенал, пред неколку години им успеа на Лионел Меси и Суарес во Барселона. Погледнете ги двата обиди за давање гол од пенал на толку атрактивен начин.

 

- Оглас -

Најнови вести