Рамос ќе почека за дебито во дресот на ПСЖ

Серхио Рамос уште има проблеми со листот на ногата и ќе ја продолжи рехабилитацијата најмалку до средината на септември, што значи дека неговото деби во дресот на ПСЖ нема да се случи во наредниот период. Со оваа повреда Рамос се мачи уште од завршницата од минатата сезона додека беше во Реал Мадрид.

Светците утре на домашен терен ќе треба да ја оправдаат фаворитската улога против Стразбур во второто коло од Лига 1, а пред почетокот на мечот на „Паркот на принцовите“ ќе се појават токму Рамос заедно со останатите нови аквизиции како Лионел Меси, Џиџи Донарума, Џини Вајналдум и Ашраф Хакими, со тоа што Холанѓанецот и мароканскиот бек ќе бидат во конкуренција за настап.

Што се однесува до Рамос, тој би можел да дебитира заедно со Меси по репрезентативната пауза, односно на 12 септември за кога е закажан дуелот против Клермон во рамки од петтото коло во францускиот шампионат.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести