Рамос ќе почека за дебито во дресот на ПСЖ

Серхио Рамос ќе почека за своето деби во дресот на ПСЖ откако тренерот Маурицио Покетино го изостави за вечерашниот пријателски дуел против Севилја.

Рамос има мали проблеми со листот на ногата и изминативе денови работи во полесен ритам со цел да не си создаде потешка непријатност и да го пропушти стартот на новата сезона. Поради тоа, Покетино одлучи да го одложи неговото деби, па останува да се види дали Рамос ќе игра во првиот официјален меч на Светците, кој е закажан во недела, против Лил во францускиот Суперкуп.

Доколку Рамос биде изоставен и за тој натпревар, дебито ќе може да го запише на 7 август, во првото коло од новата сезона во Лига 1, во кое ПСЖ отвора против Троја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести