Рамос конечно си најде клуб, оди кај својот поранешен соиграч

Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Серхио Рамос, конечно успеа да пронајде клуб. Негова желба беше да се врати во матичната Севиља, но клубот од Андалузија западна во големи финансиски проблеми. Потоа беше поврзуван со трансфер во Интер Мајами, но и таа опција отпадна од игра, слично како и можниот трансфер во Галатасарај.

Легендарниот шпанец, сепак, се одлучи да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, и тоа во Ал-Итихад каде ќе им се придружи на Карим Бензема, Канте, Жота, Фабињо.

Договорот помеѓу Рамос и Ал-Итихад е веќе постигнат и тој ќе заработува по 15 милиони евра годишно. Останува само уште да се случи официјалната презентација.

- Оглас -

Најнови вести