Рамос остана со „скршена кичма“, навивачите велат дека е спремен за кај Роналдо (Видео)

Серхио Рамос не беше дел од составот на Шпанија на Светското првенство во Катар, а во ПСЖ е стандарден во првиот тим, па и синоќа играше на дербито против Ленс. Сепак, Рамос не се прослави на првиот меч во 2023 година, посебно во акцијата по која домаќините го постигнаа погодокот за водство од 2:1.

Искусниот шпански дефанзивец се обиде да стигне прв до топката, но наместо тоа, Рамос едноставно сам падна на тревата и почна да симулира дека е повреден. Судијата не наседна на оваа глума и дозволи акцијата да продолжи, а Ленс даде гол кој беше најава за победа на домаќините.

Многумина од навивачите на ПСЖ, но и оние неутралните фанови на фудбалот, коментираат дека Рамос веќе е зрел да си замине од врвниот фудбал и дека можеби е време и тој да се приклучи во некој тим од Азија како што тоа го направи Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести