Рамос: Пеналите „Паненка“ ме прават среќен

Серхио Рамос повторно на прекрасен начин изведе пенал во стилот на легендарниот фудбалски ас од ерата на Чехословачка, Антонин Паненка, а вели дека таквите погодоци од белата точка го одразуваат неговиот дух и го прават среќен.

„Фудбалот е игра што носи радост, а јас го чувствувам слободниот дух во мене кога прецизно ќе погодам со Паненка-удар од белата точка. Ми дава дополнителна енергија и секако дека ќе продолжам да ги изведувам таквите удари“, изјави Рамос.

Капитенот на Реал Мадрид беше главната фигура во победата против Жирона од 4-2 во шпанскиот куп, а по пеналот, постигна и убав гол со глава.

„Знаев дека Марсело ќе ја упати топката кон мене. Беше одличен удар со глава, што тешко се брани“, додаде Рамос.

Капитенот игра одлично во последно време, а Реал се крена по шокантниот пораз од Реал Сосиедад дома. Го елиминира Леганес во купот, ја надигра и Жирона во првиот меч од четврт-финалето, а во првенството ги победи двата тима од Севилја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести