Рамос по вторпат е стрелец на јубилеен гол во Лигата на шампионите, овој пат ја затресе противничката мрежа

Повратникот во Севиља, Серхио Рамос, на вчерашниот меч против ПСВ Ајндховен (2:3) го постигна јубилејниот 10.000-ти гол во Лигата на шампионите.

Рамос во 24-тата минута, по асистенцијата на Иван Ракитиќ, со глава го совлада голманот на ПСВ и го постигна јубилејниот гол во Лигата на шампионите, која започна да се игра од сезоната 1992/93.

Ова беше втор гол во европско клупско натпреварување на Рамос во дресот на Севиља, првиот гол го даде на неговото европско деби, во првото коло во Купот на УЕФА во 2004 година, кога со 2:0 беше совладан португалскиот тим Насионал.

Стрелец на првиот гол во Лигата на шампионите беше Нигериецот Даниел Амокачи на 25 ноември 1992 година, на мечот Бриж – ЦСКА Москва.

Интересно е што Рамос го постигна и 6.000-тиот гол во Лигата на шампионите, и тоа тресејќи ја сопствената мрежа. Тоа се случи на петти март 2013 година, во реван-натпреварот од осминафиналето меѓу Манчестер јунајтед и Реал Мадрид. На крајот Реал славеше со 2:1 и се пласира во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести