Рамос преставен во новиот клуб, ќе добива 15 пати помалку отколку ако заминеше во Саудиска Арабија

Серхио Рамос се врати во Севиља. Ветеранот потпиша едногодишен договор со клубот во којшто ја започна кариерата речиси пред две децении. Дефанзивецот ги помина сите младински категории во Севиља, а во 2004 година дебитираше за сениорскиот тим.

Во дресот на андалузискиот тим Рамос одигра 49 официјални меча, во кои постигна и три гола. Потоа направи трансфер во Реал Мадрид, и тоа за 27 милиони евра, а во Кралскиот клуб помина 16 години.

Како еден од најдобрите стопери во последните неколку децении, Рамос освои 23 трофеи со Реал Мадрид, а беше дел и од златната генерација на Шпанија, кога се радуваше на два европски трофеи и еден пехар на Светско првенство.

Во 2021 година си замина од Реал и пристигна во ПСЖ, каде што помина две сезони. Летово стана слободен играч, а иако имаше многу побогати понуди да игра во Турција или Саудиска Арабија, тој се реши да се врати во Севиља. Според пишувањата, Рамос имал 15 пати побогата понуда да игра во Ал-Итихад во Саудиска Арабија, но тој реши да се врати во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести