Рамос се посрамоти: Имаше 25 погодени пенали по ред, а сега промаши два пати за 23 минути ! (Видео)

Швајцарија и Шпанија ремизираа 1:1 во меч од Лигата на нации. Домаќините поведоа со голот на Фраулер во 26 минута, а Црвената фурија израмни со голот на Морено во 89 минута. И покрај двата стрелци, во центарот на вниманието беше Серхио Рамос.

Капитенот на Шпанија на овој меч стана европски рекордер по бројот на одиграни мечеви во националниот состав. По 177 пат го носеше репрезентативниот дрес и го надмина рекордот на Џанлуиџи Буфон. Сепак, Рамос по лошо ќе го памти овој дуел.

Рамос важеше за можеби најсигурниот изведувач на пенали, затоа што капитенот на Реал Мадрид и шпанската репрезентација имаше 25 погодоци од белата точка по ред. Дефанзивецот едноставно беше кошмар за противничките голмани, но вечерва се најде „лек“ за неговите удари од 11 метри.

Јан Зомер успеа два пати во едно полувреме да му одбрани удари од белата точка на Рамос. Првиот пенал за Шпанија беше во 57 минута, кога Рамос шутираше по земја, но швајцарскиот голман ја погоди страната и успеа да одбрани. Тоа беше прв промашен пенал на Рамос по 25 погодоци од таа позиција.

Шанса за попоравен Рамос доби во 79 минута, кога беше досуден втор пенал за гостите. Топката повторно ја зема Рамос, а овојпат наместо да се корегира за првото промашување, изведе катастрофален пенал, а Зомер му ја фати „жива“ топката.

 

- Оглас -

Најнови вести