Рамос: Сега децата ќе се поттргнат за да играат големите

Реал Мадрид во не сосема идеална форма утре го пречекува англискиот првак Манчестер сити, во првиот меч од осминафиналната рунда во ЛШ. Предизвикот е еднакво голем и за двете екипи, но капитенот на Кралевите тврди дека е подготвен да се соочи со опасните Граѓани.

Иако Реал изминатиов викенд загуби од Леванте и го препушти лидерското место на Барселона во Ла Лига, во дуелот против Манчестер сити треба да го покажат квалитетот со којшто располага Зинедин Зидан.

„Кога ситуацијата е тешка, кога една грешка може скапо да ве чини, тогаш на терен излегуваат возрасните, а децата го отстапуваат местото. Време е да престанеме со приказни и да покажеме што знаеме“, истакна Рамос.

За двомечот против Сити, како и за Ел Класико наредната недела, Зинедин Зидан нема да смета на Еден Азар, а најверојатно Герет Бејл утре ќе биде во почетниот состав.

„Не е моја задача да коментирам што прават играчите во приватниот живот. Сите знаеме кој тим го претставуваме, за чиј дрес се бориме на терените. Жал ми е што ситуацијата со Азар е лоша, но имаме тренер кој е подготвен за секоја ситуација и знае што прави“, додаде капитенот на Кралевите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести