Рамос уште се правда, но камерите сѐ гледаат (Фото)

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос повторно бара оправдување за добиениот жолт картон во 89 минута на мечот против Ајакс. Реал победи со 2:1 во Амстердам и на свој терен само рутински треба да одработи за пласман во четвртфиналето.

Рамос доби жолт картон кој му донесе суспензија на реваншот, но на тој начин, дефанзивецот на Реал ќе се „исчисти“ од картоните и ќе може сигурно да игра во четвртфиналето. По дуелот, Рамос изјави дека намерно добил жолт картон, но откако дозна дека намерно добивање на жолт картон, УЕФА го казнува со уште еден меч суспензија, изјавата на Рамос целосно се смени.

Сега вели дека морал да направи фаул за да го спречи нападот на Ајакс.

„Да, знаев дека ризикувам да го пропуштам реваншот, но немав избор. Противникот беше во контра напад, се играше 88 минута, а мечот беше многу важен. Токму затоа морав и да фаулирам. Затоа изјавив дека во фудбалот мора да се превземат некои тешки одлуки“, рече Рамос.

Сепак, капитенот на Реал  заборавил дека мечот се следи од многу камери, на кои се забележуваат речиси сите гестови и комуникација на играчите. Една таква фотографија покажува како Рамос се консултира со тренерот Сантијаго Солари за тоа дали да направи намерно жолт картон и да не игра во реваншот, но да биде сигурен за четвртфиналето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести