Рамос вчера се израмни, а во сабота ќе го урива рекордот на Буфон

Серхио Рамос вчера влезе во игра во финишот од пријателската средба меѓу Шпанија и Холандија (1-1), па со тоа го запиша 176-тиот репрезентативен настап, израмнувајќи го рекордот на Џанлуиџи Буфон во Италија, како играчи со најмногу одиграни натпревари на репрезентативно ниво во Европа.

Рамос од своето деби за Црвената фурија во 2005 година, па досега 176 пати го носеше сениорскиот национален дрес, во кои реализира 23 погодоци, а во сабота во мечот против Швајцарија од Лигата на нациите како капитен ќе стане апсолутен рекордер во оваа категорија.

Во авантурата која му трае веќе 15 години, Рамос двапати беше европски владетел во 2008 и 2012 година, додека пред една деценија се искачи и на светсткиот трон освојувајќи го Мундијалот во Јужна Африка.

- Оглас -

Најнови вести