Рамос верува дека ако Бејл не игра, Реал ќе ја победи Барселона во Купот

Пред неколку дена, Серхио Рамос ги собра соиграчите од Реал Мадрид и им нареди дека треба да освојат двојна круна сезонава. Капитенот на Реал објасни дека треба да се фокусираат на триумф во Купот на Шпанија и Лигата на шампиони.

Непосредно по оваа изјава на Рамос, Реал во полуфиналето од Купот на Шпанија за противник го доби вечниот ривал Барселона. Кралскиот клуб во следните 30-тина дена ќе треба да одиграат дури девет меча, а три ќе бидат „Ел Класико“ дуели против Барселона.

Првиот меч од Купот се игра следниот викенд, а Рамос веќе крои тактика како да се победи Барселона на „Камп Ноу“. Капитенот започнал да прави притисок врз тренерот Сантијаго Солари, во тимот да не го вметне Герет Бејл. Според Рамос, Реал има поголеми шанси против Барселона, ако Бејл не игра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести