Рамос во дилема, дали да остане Крал или да се врати дома?

Пред Серхио Рамос е период во кој ќе мора да донесе тешка одлука за доброто на неговата кариера. Капитенот на Реал Мадрид уште половина месец е член на клубот според договорот, а и натаму е во неизвесност дали ќе добие понуда каква што посакува, или пак по повеќе од 15 години ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Шпанските медиуми тврдат дека претседателот Перес повторно ги отворил преговорите со Рамос, односно двајцата вчера се сретнале на состанок, а наводно искусниот стопер ќе прифати договор на една година, наместо две како што условуваше претходно.

Сепак, од Севилја стигна доста примамлива понуда за Рамос да се врати во матичниот клуб којшто го напушти во летото 2005 година. Наводно, понуден му е петгодишен договор на Рамос со седум милиони евра плата по сезона, што би му ја осигурало иднината на Шпанецот да игра до својата 40-та година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести