Реал Мадрид со сигурните 3-1 против Ејбар продолжи во сезоната по три месеци пауза, а меѓу стрелците се запиша и капитенот Серхио Рамос. Стоперот на Кралевите одлично го проследи контранападот, кој и самиот го започна, па доби сервирана топка пред гол од Азар и зголеми на 2-0.
Со тој погодок Рамос се изедначи со Роналд Куман, легендата на Барселона, по бројот на погодоци во Ла Лига. Шпанецот и Куман се втори најефикасни дефанзивци во историјата на шпанскиот шампионат со по 67 погодоци, а на врвот на листата е Фернандо Јеро, иконата на Реал Мадрид, со недостижни 105 гола.
Рамос воедно го израмни учинокот од минатата сезона со шест погодоци во 26 настапи и речиси сигурно до крајот на сезоната ќе го подобри рекордот.