15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Рамсдејл од Арсенал собрал 17 фунти од паричките со кои ги гаѓале фановите на Лидс

Голманот на Арсенал, Арон Рамсдејл, се пофали дека ги собрал сите метални парички кои кон него ги фрлале навивачите на Лидс, па си заминал дома со 17 фунти, што пресметано во наши пари е 1.250 денари.

„Ме гаѓаа со парички, шишиња, запалки. Видов една монета од 2 фунти и ја зедов. Потоа, во една крпа ги собрав и другите парички кои беа од 50 пени. Ги изброив, имаше 17 фунти. На Калвин Филипс му реков дека изгледа нивните навивачи се многу богати штом фрлаат 17 фунти на терен“, вели 23-годишниот Рамсдејл.

- Оглас -

Најнови вести