Ремзи следна жртва на егзодусот во Јувентус

Арон Ремзи е следниот кој ќе претрпи последици од промените во редовите на Јувенутс откако Блез Матуиди се раздели со Старата дама.

Велшкиот играч за врска не му е по мерка на новиот тренер Андреа Пирло, па затоа целта на шампионот е да се ослободи од него и од неговата голема неделна плата од 277 илјади евра.

Ремзи на фудбалскиот пазар вреди 28 милиони евра и веројатно ќе биде достапен за ангажман за таа сума со оглед на тоа дека Јувентус го доведе како слободен играч од Арсенал. Одредени шпекулации велат дека Јувентус ќе се обиде да направи размена со Манчестер јунајтед меѓу Рамзи и Погба плус пари, но засега нема конкретни потези.

Покрај Ремзи, најавени се уште неколку заминувања од Торино, како: Даглас Коста, Гонзало Игуаин, Сами Хедира и уште други.

- Оглас -

Најнови вести