Рангник го остави Роналдо на клупа, објаснувањето е болно за Кристијано

Кристијано Роналдо вечерва е резерва на Манчестер јунајтед на дуелот против Барнли што почна од 21 часот, а одлуката на Ралф Рангник е проследена со интересно објаснување на менаџерот на Црвените ѓаволи.

„Вечерва ќе ни треба напаѓач што ќе мора многу да спринтува, да се бори за секоја топка, за секој отпадок на теренот. Таков профил на играч е Единсон Кавани и затоа тој е стартер против Барнли“.

Објаснувањето на Рангник сигурно нема да му се допадне на Кристијано, па ќе биде интересно неговото објаснување и реакција по одлуката на Германецот да го изостави од првиот состав на Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести