Рангник конечно доби виза, Карик сака да го предаде тронот без пораз

Германецот Ралф Рангник конечно доби работна виза во Англија и е поготвен да го преземе кормилото на Манчестер јунајтед од непоразениот Мајкл Карик, кој е вршител на должноста шеф на стручниот штаб на Црвените ѓаволи.

Сепак, Рангник вечерва нема да го предводи својот нов тим од клупата и најавено е дека ќе биде на трибините на „Олд Трафорд“ за дербито со Арсенал од 21.15 часот.

Карик по третпат ќе командува со Црвените ѓаволи откако го замени Оле Гунар Солскјер и нема пораз.

Со него како в.д. шеф на стручниот штаб, Манчестер јунајтед го победи Вилјареал со 2:0 на гости во меч од Лигата на шампионите и ремизира со Челзи 1:1, исто така како гостин во минатото коло од Премиер лигата.

Рангник се договори со раководството на Манчестер јунајтед на шестмесечна соработка, а потоа планот е да биде спортски директор.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести