Раниери: Ако Рома го ангажира Конте, јас лично ќе го пречекам на аеродром

Рома вчера оствари значајна победа со која дојде поблику до пласманот во Лигата на шампиони. На „Олимпико“ славеа со убедливи 3-0 против Калјари, и така со 58 бода се искачија на четвртото место пред Милан и Аталанта.

Меѓутоа, иднината на Клаудио Раниери на клупата на „римската волчица“ уште е непозната. Доколку под негово водство Рома не обезбеди пласман во европската елита, раководството сигурно ќе му врачи отказ, а веќе се шпекулира кој ќе го наследи.

Станува збор за Антонио Конте. Италијанскиот стратег цела сезона е без ангажман откако го напушти Челзи, а подготвен е за нов предизвик. Токму тој е фаворит да го наследи Раниери, а ниту стариот „лисец“ нема ништо против да остане без работа доколку Конте ги прифати условите на Рома.

„Се разбира дека ќе ми биде мило доколку Антонио Конте ме наследи на клупата на Рома. Сепак, јас не знам што работи управата на клубот, но ако навистина Конте прифати да биде тренер на овој тим, тогаш јас лично ќе го пречекам на аеродром и ќе го донесам на „Олимпико“, истакна Раниери.

- Оглас -

Најнови вести