Раниери не сака Лестер да ја освои Конференциската лига, има друг омилен тим

Прославениот италијански тренер Клаудио Раниери, кој на сензационален начин со Лестер ја освои титулата во Премиер лигата во 2016 година, изјави дека не би сакал Лисиците да ја освојат Конференциската лига на УЕФА. Фаворит на Раниери во ова натпреварување е Рома.

„Јас сум од Рим и навивам за Рома. Ако во полуфиналето играат Рома и Лестер, ќе навивам за Рома“, рече Раниери, кој со ова веројатно длабоко ги разочара фановите на Лестер, кои го обожуваа.

- Оглас -

Најнови вести