Раниери тргна со победа на клупата на Рома

Клаудио Раниери ја почна мисијата како тренер на Рома со победа против Емполи. Домаќинот славеше со 2-1, а интересно е тоа што сите голови ги постигнаа играчите на Рома.

Ел Шарави со еврогол во деветтата минута им донесе предност на домаќините, потоа ефектен автогол си постигна Жезус, а за победа на фаворитот се погрижи Шик со погодок во 33-тата минута.

Рома имаше многу проблеми пред мечот бидејќи дел од главните адути не играа поради повреди, но и стравуваше за победата во финишот.

Флоренци беше исклучен во 80-тата минута, потоа Емполи постигна гол за 2-2, но тој беше поништен по прегледувањето на спорниот момент на ВАР-системот.

- Оглас -

Најнови вести