Рано му е да се шегува на ваков начин: Азар изглуми повреда на загревање (видео)

Реал Мадрид вечерва атакува на прва победа во групите од ЛШ, а гостува кај незгодниот состав на Менхенгалдбах. Кралевите ќе бидат засилени со враќањето на Еден Азар во составот, кој првпат сезонава ќе има прилика да запише настап откако изминативе триесетина дена, а и речиси цело лето претходно закрепнуваше од повреда на глуждот.

На Белгиската ѕвезда очигледно ѝ е смешно што откако дојде во Реал Мадрид, често е аут поради повреди, па на денешното загревање се пошегува со соиграчите дека се здоби со повреда. Додека трчаше заедно со Винисиус, Азар се фати за бутниот мускул од ногата и почна да криви, па слатко се изнасмеа со бразилскиот офанзивец.

 

https://streamable.com/y3sydz

- Оглас -

Најнови вести