Рано му е: Федерер нема да игра во Дубаи

Роџер Федерер со настапот во Доха се врати на тениските терени по 14 месеци пауза, но претрпе елиминација во четвртфиналето од турнирот откако Николос Басилашвили спаси меч-топка и го сврте дуелот во своја корист.

Некогашниот прв светски рекет почувствува дека сè уште не е подготвен да игра на високо ниво, па затоа се повлече од турнирот во Дубаи кој е на програмата од следната недела.

„Беше убаво што конечно се вратив на АТП турнејата, уживав во секоја минута во Доха. Големо благодарам до мојот тим кој ми овозможи да се вратам во натпреварувачки ритам. Сепак, сметам дека е најдобро да се вратам на тренинзите, па затоа одлучив да се повлечам од турнирот во Дубаи“, посочи Федерер.

 

- Оглас -

Најнови вести