Рапид знае како се освојува Москва

Рапид Виена знае као се освојува Москва, а денеска против Спартак на модерната арена „Откритие“ по петти пат ќе се обиде да остане непоразен кога играл против руска екипа во главниот град.

Во групата Г е вистинска мешаница во битката за двете места кои водат понатаму во Лигата на Европа, а Рапид иако е последен по четири кола со 4 бода, има на што да се надева.

Избраниците на тренерот Горан Ѓуричин го победија Спартак во Виена со 2-0, а имаат само еден пораз против руски екипи на 15 мечеви. И биланс од две победи и две нерешени кога гостувале во Москва, кои се два импресивни биланси на австриската екипа.

Проблем за нив во обидот да се избегне првиот пораз во Москва е предолгата листа на повредени и отсутни играчи. Ги има дури 8 што се неизвесни за мечот од 16.55 часот, а сигурно нема да игра дефанзивецот Максимилијан Хофман, кој е повреден повеќе од два месеци.

 

 

- Оглас -

Најнови вести