Рапсодија и во Лајпциг: Баерн му подари трофеј на Мане во дебито (видео)

Баерн Минхен третпат во низа, односно вкупно по 10-ти пат го освои трофејот на германскиот Суперкуп, во голеадата од 5-3 над Лајпциг токму на теренот на Црвените бикови.

Во максимално драматичното дерби, Баварците си ги закомплицираа работите и за малку ќе прокоцкаа сигурна предност од три гола. Убедливи 3-0 имаше Баерн по првото полувреме, Мане го запиша првенецот во официјалното деби, погодија уште Мусијала и Павар.

Избраниците на Нагелсман имаа и 4-1, Гнабри одговори на голот на Халстенберг од 60-тата минута. Во неизвесна завршница мечот го одведоа Нкунку со точниот пенал во 77-та минута, а потоа и Дани Олмо кој намали на 4-3 пред истекот на регуларните 90 минути. Притисокот сепак не се исплати на Биковите во судиското надополнување, а големиот триумф од 5-3 го постави Сане на две минути до крајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести