Рапсодија на Сити, Ливерпул со нов пресврт над Милан, ништо од Меси

Ремито на моќниот (барем според имињата) ПСЖ кај Бриж од 1-1, е најголемото изненадување вечерва во Лигата на шампионите. Иако триото Меси-Нејмар-Мбапе играше заедно 51 минути, до повредата на Французинот кој излезе од игра, белгискиот тим се одбрани.

Манчестер сити со 6-3 го порази Лајпциг и покажа зошто е фаворит за титулата, а Џек Грилиш покажа зошто клубот потроши многу пари за да го ангажира.

Ливерпул водеше, па губеше, на крај го победи Милан во луд меч каков што им доликува на овие гиганти. И на фановите на другиот клуб од Милано им беа скршени срцата. Интер загуби дома од Реал Мадрид со 0-1, со гол на резервистот Родриго во 90-та минута. Реал е првиот тим со седум победи по ред на гостувањата во Италија.

Алер од Ајакс се прослави како втор дебитант и прв Африканец кој постигнал 4 гола на меч од ЛШ. Копјаниците славеа со5-1 против Спортинг во Лисабон. Голови немаше само во Мадрид, каде Порто се одбрани од Атлетико.

- Оглас -

Најнови вести