Раритет: Два тима коишто играа еден против друг имаат ист тренер

Аркадиуш Палуч е тренер за кого сигурно немаше никогаш да слушне светската јавност доколку не направи еден потег што е неверојатен во фудбалот. Овој стратег кој работи во окружната лига Јеленија Гора е тренер на два клуба, кои неодамна се соочија еден против друг. Екипата на Погон Швиерзава загуби од ГКС Рациборовице со 2:0, а Палуч беше тренер на двете страни.

„Не трчав од една до друга клупа за време на натпреварот. Правилникот не забранува да тренирам два клуба и навистина сакам да им помогнам на двата. Не сум алчен или граблив. Фудбалот е целиот мој живот. Овде не може да се заработат многу пари,  повеќе е за помагање на овие момци да се развијат, да останат во окружната лига и да се забавуваат. Сепак, се работи за окружната лига, а не за професионалните“, вели Палуч.

Кога решил да биде тренер на двата тима, тие играле во различни лиги. Погон не сакал да се раздели од тренерот, а Палуч, од друга страна, сакал да проба да го искористи потенцијалот на ГКС и да го однесе до погорни лиги. Двата клуба се согласиле тој да остане и на двете страни, но ете оваа сезона тие се нашле во иста лига.

- Оглас -

Најнови вести