Расел изненадувачки до пол-позицијата во Лас Вегас, Ферстапен и Норис разочараа

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, изненадувачки дојде до пол-позицијата на квалификациите за ГН на Лас Вегас, откако беше најбрз. Единствениот кој можеше да му конкуреира беше Карлос Сајнц од Ферари, кој ќе стартува од втората позиција и само тој имаше заостанување помало од една десеттинка.

Од третата позиција ќе стартува уште едно изненадување, Пјер Гасли од Алпине, а друштво во вториот ред ќе му прави Чарлс Леклер од Ферари.

Најголемите фаворити за тирулата, Макс Ферстапен и Ландо Норис, ќе стартуваат еден до друг од петтата, односно шестата позиција. Во првите 10 се и Цунода, Пиастри, Хамилтон и Алонсо.

Во генералниот пласман во водство е Макс Ферстапен со 393 бода, пред Норис со 331 и Леклер со 307. Кај конструкторите, лидер е Мекларен со 593 поени, пред Ферари со 557 и Ред бул со 544.

- Оглас -

Најнови вести