Рашфорд: Кога Кристијано ќе почне да дава голови, нема да престане

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, нема никакви сомнежи дека неговиот тимски соиграч Кристијано Роналдо повторно ќе започне редовно да постигнува голови, како што тоа го прави цела кариера.

„Роналдо е неверојатен играч, таков е откако јас го следам од мал. Задоволство е да игра заедно со него. Кога тој ќе даде гол, потоа нема да престане да реди голови. Ние треба само да се обидеме топката да ја додадеме до местото на кое е позициониран Роналдо. Треба да играме подобро со топката во нозе и да покажеме многу пооголем интензитет против Евертон, отколку против Сити“ – вели Рашфорд.

Роналдо уште нема дадено гол сезонава во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести