Распад систем кај Шалке – Само што стана капитен, му даде корпа на клубот

Само што стана капитен на Шалке 04 и ги предводеше соиграчите на пет меча по рестартот на сезоната во Бундеслигата, Даниел Калиџури објави дека си заминува од клубот.

Причината е обидот на Управата на Шалке 04 за двојно да му ја намали платата и да му понуди 1.3 милиони евра годишно, што е неприфатливо за десното крило. Калиџури веќе објави дека ќе се пресели во Аугсбург од идната сезона, што значи дека повторно ќе игра во Бундеслигата, ако Баварците успеат да обезбедат опстанок.

Оригиналниот капитен на Рударите од Рур, Омар Маскарел е повреден и за него сезоната е завршена, па Калиџури и покрај за него нефер односот на раководството ќе биде со капитенската лента до завршувањето на првенството.

Германците ја рестартираа сезоната на 16. мај, а Калиџури баш и немаше многу среќа и на пет меча на колку што е лидер на тимот, Шалке има четири порази и само едно реми.

Тоа го доведе тимот од Гелзенкирхен блиску до опасната зона за испаѓање, но веројатно и покрај лошите настапи ќе ја продолжат визата за нов настап во Бундеслигата, бидејќи на 4 кола до крај имаат 10 бода предност пред Фортуна Диселдорф.

Следна шанса за сефте победа за Калиџури како капитен на Шалке 04, но и за тимот, е мечот против Баер Леверкузен на „Велтинс“ арена во Гелзенкирхен што ќе се игра во недела од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести