„Распад систем“ на Барди и Леванте против Севилја

Леванте и Енис Барди беа буквално посрамотени пред својата пубика од страна на Севилја, откако претрпеа голем пораз од 6-2. Избраниците на Пако Лопез очекуваа тешка пресметка, но не и ваков дебакл.

Голеадата започна во 11-тата минута, со голот на Бен Једер, а веќе во следиот напад Леванте израмни преку Роџер. Во 21-та минута Каричо одново донесе предност за гостите, а во моменти кога Леванте можеше по втор пат да израмни, Моралеш промаши пенал во 26-тата минута. Со промашениот пенал падна и самодовербата кај играчите на Леванте, па ги снајде „распад систем“.

Бен Једер до крајот на првото полувреме успеа да реализира хет-трик, прво погоди во 35-тата минута, а потоа за 4-1 во 45-тата минута. Андре Силва кон почетокот на вториот дел погоди за 5-1, Сарабија во 59-тата минута зголеми на 6-1, а Симон во 90-тата минута реализираше и ја намали големата предност на Севилја за конечни 6-2.

- Оглас -

Најнови вести