Расположението до плафон, репрезентативците тргнаа кон Варшава (фото)

Македонската фудбалска репрезентација веќе е на пат кон Варшава, каде што на 13 октомври (недела) ќе ги одмери силите со селекцијата на Полска во рамки од осмото квалификациско коло за ЕП 2020. Се приметува дека расположението е на високо ниво, а како нема да биде по одличното издание на нашите Рисови вчера против Словенија.

Триумфот од 2-1 е и повеќе од доволен мотив за и против Полска да се надеваме на позитивен резултат, иако претходно во јуни годинава Полјаците ни ги украдоа бодовите во Скопје со минималните 0-1.

- Оглас -

Најнови вести